Достапни линкови

Убиен водачот на бунтовниците во Нигерија


Водачот на екстремистичките исламисти во Нигерија, Мохамед Јусуф, е убиен во текот на вчерашната акција на владините сили против оваа радикална група во која загинаа и 200 бунтовници. Судирите меѓу екстремистите и силите за безбедност започнаа во неделата во четири држави на северот од Нигерија и во нив до сега се загинати околу 600 лица. Екстремистичките исламисти бараат воведување на шеријатското право на целата територија на мултиконфесионалната земја.
XS
SM
MD
LG