Достапни линкови

Мајкрософт и Јаху склучија договор за соработка


Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ и интернет прелистувачот „Јаху“ денеска склучија договор за партнерство во времетраење од десет години. Главна цел на двете компании ќе биде да му конкурираат на најпопуларниот интернет пребарувач „Гугл“. „Мајкрософт“ ќе му доделува на „Јаху“ 88 проценти од приходите од интернет пребарувања. Софтверскиот гигант исто така се здоби со правата за интегрирање на технологијата на „Јаху“ во своите интернет прелистувачи. Од менаџментот на интернет компанијата очекуваат дека договорот со „Мајкросодфт“ ќе им го зголеми оперативниот приход за 500 милиони американски долари годишно.
XS
SM
MD
LG