Достапни линкови

Решение за името за евроинтеграции


Еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен
Еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен

Експертите сметаат дека визната либерализација е „морков“ на ЕУ и охрабрување на властите за да го решат спорот со името. Според нив, без решение на спорот, не може да се очкеува датум за преговори, а визната либерализација би можела да се одложи

Ако Македонија го реши проблемот за името со Грција, ЕУ на многу работи ќе прогледа низ прсти, и Македонија ќе ги почне претпистапните преговори за полноправно членство во Унијата, коментираат дел од домашните експерти. Професор Мерсел Биљали вели дека визната либерализација може да биде утешна награда, ако не се добие датум за преговори.

„Меѓутоа, и тоа не е толку сигурно. Затоа што визната либерализација е своевиден морков и охрабрување на овдешните власти за да го
Меѓутоа, и тоа не е толку сигурно. Затоа што визната либерализација е своевиден морков и охрабрување на овдешните власти за да го решат проблемот со името. Но, ако не се реши проблемот со Грција, јас сметам дека не само што нема да има датум за преговори, туку и ќе има одлагање на функционирањето на визната либерализација
решат проблемот со името. Но, ако не се реши проблемот со Грција, јас сметам дека не само што нема да има датум за преговори, туку и ќе има одлагање на функционирањето на визната либерализација.“

Грчкиот шеф на дипломатијата Дора Бакојани
Дел од домашните експерти, вчера за Радио слободна Европа, коментираа дека, ако Македонија ги исполни одредниците ќе добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ, но дека Грција ќе го блокира почетокот на преговорите, ако до тогаш не се реши спорот за името.

Грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани, вчера во Брисел, рече дека не може да има почеток на преговори за членство со согласност на Грција, ако претходно не биде решен проблемот со името, коментирајќи ги најавите на ЕК дека е можно во октомврискиот извештај Македонија да добие препорака за почеток на преговори.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен, претходно рече дека „не треба да кобиме“, одговарајќи на новинарско прашање дали ако Македонија до октомври ги исполни осумте одредници, а Грција стави вето на почетокот на преговорите, што ќе направи Унијата да ја одржи во живот европерспективата на Македонија.

„Јас сум помалку песимист од вас. На поранешната југословенска Република Македонија и беа зададени осум одредници во март 2008. Нашата одлука, дали ќе дадеме препорака за датум за преговори или не ќе зависи само од тоа дали државата ги исполнила одредниците,“

рече Рен.

Сепак Рен посочи дека без согласност на Грција преговорите не може да почнат.

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и посредникот во спорот за името Метју Нимиц
„Сите знаеме дека за да почнат преговорите е потребна согласност од сите 27 земји членки на Унијата,“

рече Оли Рен.

На заедничката пресконференција со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Брисел, по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, министерот за надворешни работи на Шведска, која во моментов е претседавач со Европската унија, Карл Билт посочи дека прашањето за името е многу важно, но комплицирано и заплеткано прашање, кое бара вистинско чувство за компромис од двете страни.

„Двете страни ќе имаат корист, ако ја тргнеме оваа пречка од патот и тргнеме напред. Прашањето за името е товар за двете земји и двете земји треба да имаат објективен интерес да тргнат напред. Ова го велам со почит за сите комплицирани прашања и сите емоции и сите принципи,“

рече Билт.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на заедничката пресконференција со Билт, оцени дека, се уште, има некои работи што треба да се довршат во наредниот период и оти постои огрoмна мотивација тоа да се направи.

„Октомврискиот извештај е нашиот приоритет, да ги исполниме одредниците за покрај препораката за визна либерализација, Европската комисија да препорача и почеток на преговорите за членство во Унијата до крајот на годинава,“

рече Миошоски вчера во Брисел.

Рен претходно оцени дека може да се најдат решенија за некои билатерални прашања на Балканот како што се граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска или спорот за името меѓу Македонија и Грција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG