Достапни линкови

Карзаи им понуди преговори на Талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи им понуди на талибанските екстремисти мировни преговори доколку се откажат од насилството и најави нови односи со Западот доколку биде повторно избран за претседател на изборите што ќе се одржат наредниот месец. Сепак, тој изјави дека сеуште не е подготвен да го разгледува клучното барање на талибанците- повлекување на сите странски трупи од Авганистан, затоа што, како што рече, нивното постојано присуство е од национален интерес.
XS
SM
MD
LG