Достапни линкови

Кандидатурата на Исланд нема да му наштети на западен Балкан


Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија нагласија денеска дека новата кандидатура на Исланд, за кој се проценува дека брзо ќе се присоедини кон Унијата, нема да ги стави во заборав кандидатурите на земјите од Западен Балкан. Министрите напоменаа дека Унијата целосно ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан. „Не постои можност Балканот да биде заборавен“ изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд. Исланд ја мина денеска првата бариера на патот за членство во ЕУ, откако министрите за надворешни работи се согласија да ја предадат исландската апликација за членство на Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG