Достапни линкови

ФИА го суспендираше Рено од наредната трка на Формула 1


Светската автомобилистичка федерација(ФИА) вчера го суспендираше Рено од наредната трка на Формула 1, зашто механичарите на екипата му дозволиле на Фернандо Алонсо да излезе на патеката Хунгароринг со недоволно прицврстено тркало. По излегувањето од боксот на Алонско му отпадна предното десно тркало поради што изгуби контрола над болидот. Тој мина без повреди но мораше да ја напушти трката во 13 круг. Ова е втор инцидент на Хунгароринг во последниве два дена. Претходно, дел што отпадна од болидот на Рубенс Барикело го удри во глава Фелипе Маса, по што возачот на Ферари, онесвестен, зад воланот помина праволиниски на две кривини и удри во заштитниот ѕид. Маса итно е опериран во болница во Будимпешта, но, се уште, е во критична состојба.
XS
SM
MD
LG