Достапни линкови

Немири во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека талибанските милитанти нападнале владини згради во градот Кхост во источниот дел на земјата. Нападите биле изведени со огнено оружје, бомби и гранати. Портпарол на Министерството за одбрана изјави дека во нападот имало три експлозии предизвикани од бомбаши самоубијци. За сега не се знае колку лица загинале во нападите и дали американски трупи учествувале во борбите. Во близина на Кхост има голема американска база на 150 километри источно од Кабул.
XS
SM
MD
LG