Достапни линкови

Шверцерите признаваат дека иако ризикот е голем, шверцувањето на разни продукти и продавањето на црно, носи голема заработувачка.

Дрога скриена во комјутерско глувче.16 илјади штеки со цигари шверцувани во две навидум празни цистерни.Дрога сокриена во шасија на автомобил, во ладилник , во внатрешноста на резервните гуми.,Гардероба сместена во подвижни фрижидери.Кокаин спакуван во храна за кучиња.65 килограми дрога сместена во резервоарот за гориво на камион.50 кутии цигари бугарски државјанин сакал да ги изнесе од Македонија сокриени под облеката и залепени за неговото тело со самолеплива трака. Ова се случаи што македонските цариници успеале да ги откријат. Фантазијата на криумчарите е многу голема,шверцувана стока ја кријат на места на кои никогаш нема да се сетите, велат цариниците. Луѓето што криумчарената роба ја продаваат на пазарите велат дека убаво се заработува иако ризкот е
Тоа е некаква филозофија едноставно шверцот го сваќаат како работа. Преминувањето три-четири пати преку граница за да пренесат неколку штеки цигари, за нив преставува некаква дневница, како да оди на работа, полесно им е тоа да го работат отколку нешто друго
голем.

,,Ова ми е феноменално сега за сега, ќе работам додека можам.“

,,Многу се каам што го немам школото, да го имам школото нема да го работам ова. Тука навистина се заработува, ама да имам школо би работел друго.“

Најпогодно време за шверцување е зимскиот период кога можат да облечат повеќе парчиња гардероба или да залепат по неколку штеки цигари под мантилите вели шефот на мобилната царина Александар Блажески.

,,На некои луѓе им е многу полесно да шверцуваат , на секои десет пати ако успее да прошверцува и два пати да го фатиш него пак му се исплати. Тоа е некаква филозофија едноставно шверцот го сваќаат како работа. Преминувањето три-четири пати преку граница за да пренесат неколку штеки цигари, за нив преставува некаква дневница, како да оди на работа, полесно им е тоа да го работат отколку нешто друго.“

Од Царинската управа велат дека најмногу се криумчари стока која има големи давачки како алкохолот, цигарите, делови за автомобили, и забранетата стока како дрога и оружје. Но, македонскиот пазар е мал пазар за да се продава многу криумчарена роба.

,,Македонија е транзитна земја. Има роба која што останува во неа, меѓутоа дел од стоката што е наменета за шверцување оди во соседните земји или низ западно европските земји.“

вели Александар Блажески.
Според извештаите на Царина и Министертвото за внатрешни работи во последниве шест месеци запленети се 2 и пол тони алхохол, повеќе од 1500 парчиња гаредероба и чанти, 2500 штеки со цигари,30 тина комплети за сауна, 5 грла добиток.Кривични пријави се поднесени за 50 сторители годинава.Според податоците на МВР сите криумчари се полнолетни, а меѓу нив има и луѓе постари од 60 години .
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG