Достапни линкови

Недостаток од кадар за справување со новиот грип?


Нема доволно персонал, па дури и стоматолози се вклучуваат во тимовите на граничните премини за проверка на патниците од новиот грип.

Има недостиг на инфектолози, епидемиолози во помалите градови во Македонија, велат лекарите од внатрешноста. Поради вонредната состојба со новиот грип лекарите се ангажирани со дежурства на граничните премини, па се појавува застој во тековните прегледи. Пред десетина дена медиумите објавија дека на граничниот премиин Меџитлија, стоматолози прегледуваат граѓани дали имаат симптоми на новиот грип. Од битолскиот Завод за здравствена заштита рекоа дека немаат доволно персонал па затоа ги вклучиле стоматолизите кои се обучени да препознаат човек заразен од новиот грип. Епидемиолозите се надеваат дека проблемот со кадарот ќе
Одењето и дежурствата на граница бараат повеќе персонал затоа што сепак се некоја обврска и во таков случај можеби погрешно биле вклучени стоматолози
се реши набрзо и докторите ќе можат да си ги извршуваат работните обврски и кон другите пациенти:

,,Одењето и дежурствата на граница бараат повеќе персонал затоа што сепак се некоја обврска и во таков случај можеби погрешно биле вклучени стоматолози, но персоналот во овој случај со дежурствата на граница, малку се растура и заостанува тековнава работа во одделенијата и во работните единици.“

Вели доктор Мирче Лазевски од Кичево. Од Комисијата за заразни болести велат дека во Македонија има доволно здравствен кадар и ќе бидат ангажирани повеќе лекари ако има потреба за тоа:

,,Меѓутоа доволно здравствен кадар има, а во една голема пандемија од овој тип на вирус, неможе да учествуваат само епидемиолози,
Доволно здравствен кадар има, а во една голема пандемија од овој тип на вирус, неможе да учествуваат само епидемиолози
тука се и матичните лекари, или лекарите во секундарна здравствена заштита. Така што епидемиолозите за она што согласно законот им е дадено да го работат можат и има доволно кадар. Тие овој период беа оптеретени на граничните премини и затоа се побара помош и од здравствените домови и од инспекција.“

Вели доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести. Според последните информации во Македонија се заразени 14 луѓе со новиот грип А/Х1Н1. Во светот веќе боледуваат повеќе од 100 илјади луѓе, а починале околу 400-тини.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG