Достапни линкови

Задоцнетата кампања не привлече туристи


Охрид

Охрид

Туристичките работници сметаат дека кампањата за рекламирање на туристичките потенцијали на Македонија почна да се спроведува многу доцна и не ги даде очекуваните резултати, односно во споредба со лани, годинава е намален бројот на туристи.

Летната сезона е веќе започната. За да се привлечат што повеќе туристи во земјава Македонија се рекламираше на билбордите во соседните земји од каде што се очекуваат најмногу посетители. Но од Асоцјацијата на хотели Хотам се жалат дека има недостаток на туристи во Охрид и очекуваат дека бројката на посетители оваа година во однос на лани ќе се намали за осум проценти. Кампањата беше многу задоцнета, па затоа таа не ги даде посакуваните резултати. Но и земјава требаше да се промовира не само на билборди туку и на
Неможе да има ефект, билбордите се поставија многу касно, ние баравме да се направи агресивна кампања во електронските медиуми и поставување на билборди. Се направи едното, а другото не се направи
телевизија вели претседателот на Хотам Дончо Танески.

,,Неможе да има ефект, билбордите се поставија многу касно, ние баравме да се направи агресивна кампања во електронските медиуми и поставување на билборди. Се направи едното, а другото не се направи. Погледнете на Пинк, погледнете на РТС, одат реклами за Хрватска, одат реклами за Турција и нормално луѓето ќе одат таму.„

Околу стотина билборди беа поставени на проментни локации во и околку главните градови на Србија, Словенија Бугарија и Албанија од јуни до јули месец. Билбордите чинеа околу дваесет илјади евра. За разлика од нас помалите туристички дестинации воопшто не излегоа со реклама и не мислам дека кампањата беше задоцнета вели претседателот на Агенцијата за подршка и развој на туризмот, Зоран Стрезовски која ја водеше кампањата.

,,Воопшто не се појавија и други туристички дестинации, како на пример Албанија, Бугарија, значи помалите туристички дестинации не излегоа, а ние како Македонија излеговме заедно со големите туристички дестинации како Хрватска, Турција, Црна Гора. Нивната кампања почна на 17-ти мај, воопшто немислам дека доцнела туку е навреме, затоа што ние неможеме да водиме долги кампањи како големите туристички дестинации.“

Една земја треба да се промовира уште од самиот почеток на годината за да се постигне посакуваниот ефект вели потпреседателот на Стопанската комора за туризам Александар Чоневски.

,,Ако една туристичка дестинација треба да си ги рекламира дестинациите дури ги април, што мислите кога една земја треба да се рекламира. Значи, дефинитнивно задоцнивме и според мене најубав можен термин е некаде на почетокот на годината.“

Сепак за малиот број на туристи оваа година од Хотам посочуваат и други фактори освен лошата маректинг стратегија. Тоа е светската економска криза, епидемијата од грипот и лошите временски услови, но и недостатокот на комуникација помеѓу државните органи, општините и стопанството.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG