Достапни линкови

logo-print

Економската криза во Хрватска се продлабочува


Јадранка Косор - премиер на Хрватска

Јадранка Косор - премиер на Хрватска


Во Хрватска, поради економската криза, се направени два ребаланси на буџетот во последните три месеци, а најавени се уште два. Опозицијата жестоко ја критикува Владата поради ваквата практика, оцнувајки дека тоа ќе ја разори земјата и ќе завладее страв.

Владините мерки за штедење, опозицијата жестоко ги критикува, оценувајки ги како козметички, а владејачката ХДЗ ја обвинува за катастрофална политика со која земјата ќе биде доведена до банкрот. Хравтската Влада до крајот на годинава предвидува пад на Бруто Домашниот Производ за 4,5 насто и инфлација од 2,7 насто. Поради тоа се потребни драстични мерки на штедење, изјави хрватската премиерка Јадранка Косор во Парламентот, најавувајки го и третиот ребаланс на буџетот за две недели, а четвртиот за наесен.

“Да, дами и господа, ако е потребно и десет, но мораме да останеме над водата, како што вели министерот за финансии”.

За можната соработка со Меѓународниот Монетарен Фонд, Косор изјави:


“Ние не баравме помош од ММФ, но мислам дека ММФ не е Баба Рога и оти никој не треба да се плаши од евентуални консултации, но ние својата работа ќе ја завршиме сами”.

Според опозицијата, тоа е демагогија, а финансиската дупка е се поголема. Се предлагаат намалувања на трошоците за репрезентација, а истовремено се зголемува државната администрација. Државата ги повикува граѓаните да штедат, а таа ги зголемува своите трошоци, истакнаа опозиционите пратеници. Над водата не може да се остане со штедења на сијалици, мобилни или кафиња, нагласи Дамир Каин.

“Немојте господа да се бламираме со политиката секоја недела по еден ребаланс. Тој е нужен, но ова што се најавува ќе ја разори
земјата, ќе завладее страв и ќе биде преполовена јавната потрошувачка. Хрватска би можела и без ребаланси на буџетот ако се справиме со корупцијата”.

Во образованието со огорченост ја дочекаа одлуката за укинување на бесплатните учебници за сите, а се бара модел да им се обезбедат само на најсиромашните. Претседателот на Синдикатот за обрзаование Жељко Стипиќ вели:

“Кога имаше пари, тогаш за образованието имаше помалку во однос на другите. Сега кога нема, прво нема за образованието. Со тоа се испраќа јасна порака дека обрзаованието во оваа земја не е приоритет”.

Од 30 до 50 насто се намалуваат и средствата за обнова, враќање и стамбено згрижување, но според Радомир Чачиќ тоа не е доволно и оти ќе уследи доцнење на исплатата на платите и пензиите. Слични најави искажа и опозиционата претставничка Жељка Антуновиќ.

“Овој ребаланс, па ни оној што се најавува, нема да ги реши структурните проблеми во Хрватска. На меѓународните финансиски институции им е битно земјата уредно да ги сервисира своите долгови, а не ги интересира дали ќе се кратат платите и пензиите, што на крајот и ќе се случи”.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG