Достапни линкови

logo-print

Хавиер Солана доаѓа во посета на Македонија


Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, денеска, доаѓа во посета на Македонија. Според најавите, Солана ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, со претседателот на ДУИ Али Ахмети и со лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.
Од Скопје, Солана заминува во Приштина, каде што е најавено дека ќе се сретне со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, со премиерот Хашим Тачи, како и со челниците на Еулекс.
Посетата на Солана на регионот, почна вчера, со посетата на Белград. По средбата со српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ, високиот претставник на Унијата соопшти дека за неколку дена, српските власти може да очекуваат добри вести за либерализацијата на визниот режим.
Балканската турнеја, Солана ја завршува со посетата на Црна Гора, во среда.
XS
SM
MD
LG