Достапни линкови

logo-print

Солана денеска во Белград, утре во Скопје и Приштина



Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана денеска ќе допатува во Белград, по што ќе е предвидено да ги посети и Приштина, Скопје и Подгорица. Со државниот врв на Србија, Солана ќе разговара за напредокот на таа земја кон евро-интеграцијата, како и за соработката на Белград со Хашкиот Трибунал. Утре во Скопје, Солана е предвидено да се состане со македонскиот премиер Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG