Достапни линкови

Иранските власти не дозволуваат нови демонстрации


Гувернерот на Техеран Мортеза Тамадон предупреди дека доколку денеска има протести, безбедносните сили ќе ги разбијат, бидејки не била издадена дозвола. Подржувачите на опозиционот лидер Мир Хосеин Мусави повикаа на нови демонстрации во Техеран и во неколку други градови. Во меѓувреме, иранските власти го уапсиле и познатиот адвокат за човекови права Мухамед Али Дадка, која соработник на добитничката на нобеловата награда за мир Ширин Ебади. Според активистите за човекови права, од 12-ти јуни досега, во Иран се уапсени околу 2000 луѓе, меѓу кои академици, новинари и студенти.
XS
SM
MD
LG