Достапни линкови

Незадоволство од новите сообраќајни правила во Куманово


Сообраќај на улица во Куманово

Сообраќај на улица во Куманово

Мирен двочасовен протест оддржаа стотина стопанственици од Куманово, незадоволни од воведувањето на еднонасочен сообраќај со што се намалува фрекфенцијата на луѓе и возила, а со тоа директно им е намален и прометот.

Со мирен двочасовен протест и блокада на една од главните крстосници во Куманово, стотина стопанственици од двете најстари улици Нагорички и Проевски сокак го изразуваат незадоволството поради нововоспоставениот еднонасочен сообраќај. Тие сметаат дека фреквенцинијата на луѓето и возилата е намалена, поради што двојно им е намален прометот. Бараат од локалната самоуправа да го
Треба да се врати стариот режим на сообраќајот. Улиците се затворени два и пол месеци, а прометот е намален за 40 до 80 %
смени ова решение со што ќе им овозможи да работат да ја обезбедуваат нивната и егзистенцијата на нивните вработени.

,,Треба да се врати стариот режим на сообраќајот. Улиците се затворени два и пол месеци, а прометот е намален за 40 до 80 %."

Смета Чедо Ивановски сопственик на трговски дуќан.

,,Ова не е добро решение за целиот град, не само за нас. Како што редовно ги плаќаме давачките на Општината и државата,така сакаме и да имаме услови за работа. Оштетени сме најмалку за 30 %."

Вели долгогодишниот угостител Јовица Стојановиќ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски пак смета дека проектот за еднонасочен сообраќај во Куманово е изработен од стручни служби на
Намален им е прометот од економската криза, а не е резултат на сообраќајниот режим во градот. Сега има повеќе можности за паркирање
Секторот за внатрешни работи и локалната смаоуправа, дека градот бил во голем сообраќаен хаос и дека со ова се преземени мерки за решавање на проблемот во рамките на можностите.

,,Куманово има регистрирано 22 илјади возила, а нема ниту 300 паркинг места. Со ова се добиени 900 паркинг места,а целта е и да се намали непрописното паркирање. Луѓето навикнале да живеат во сообраќајна џунгла,сообраќаен хаос и сакаат и понатаму да се паркираат на тротоари. Намален им е прометот од економската криза, а не е резултат на сообраќајниот режим во градот. Сега има повеќе можности за паркирање."

Вели Дамјановски.
Останувате на ова решение?

,,Локалната смаоуправа е определена да остане на концептот за еднонасочен сообраќај."

Доколку не се врати стариот режим на сообраќајот на Нагорички сокак, стопанствениците најавуваат:

,,Ќе ја блокираме главната улица,а ќе протестираме и пред општинската зграда."

Вели Ивановски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG