Достапни линкови

logo-print

Власта ги партизира општинските комисии?


Опозицијата во Битола обвинува дека владеачката ВМРО ДПМНЕ врши партизација на општинските комисии и управните одбори во Јавните Претпријатија.

Партизација на општинските комисии и управните одбори во јавните претпријатија врши владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, реагира битолската опозиција. Иако досега новиот општински совет одржал само 6 седници, при формирањето на комисиските и управните тела, наместо пропорционална застапеност на партиите, се форсирале Вмровски кадри, обвинија советниците Томе Наумов од СДСМ и Горан Милевски од ЛДП.

,,Немање слух, ниту консултација за именувањето на членови во се она што значи управен или надзорен одбор на јавни претпријатија и со состав кој единствено е класично еднопратиски. Треба да задоволите одредени чистопартиски апетити и да ги ставите луѓето да земаат по 3,4,5 000 паушал и на тој начин да ја вршите улогата на катализатор во незадоволството на вашето членство."
Немање слух, ниту консултација за именувањето на членови во се она што значи управен или надзорен одбор на јавни претпријатија и со состав кој единствено е класично еднопратиски


,,Ако е комисија формирана од советот на општина Битола барем требало да ги земите во предвид одредбите од законот да има барем процентуална застапеност во предлозите за овие комисии. Се што не е од ВМРО-ДПМНЕ, не е стручно, не е квалитетно и не треба да го гласате."

Жолчна дискусија на ова темата се разви во битолскиот Совет откако ВМРО-ДПМНЕ без претходно да ја извести опозицијата, на дневен ред постави точка за формирање на уште една комисија со надворешни членови, за кои нивните опоненти сметаат дека се се избирани по тесно партиски клуч.

,,Повторно позицијата се обидува со силата на мускулите да поставува точки на дневен ред, без да биде консултирана опозицијата, без тоа да биде направено во една нормална процедура, а не пред самата седница. Опозицијата предлага измени и дополнувања на дневниот ред, точката по правило се поставува последна, а кога предлага позицијата минут пред почетокот на седницата, точките се ставаат први."

вели Наумов од СДСМ.
Советниците од партијата на власт ги негираат обвинувањата за партизација на телата.

,,Итноста во донесувањето на комисиите е во интерес на граѓаните, а ние сме избрани токму од нив и ја носиме одговорност. Во однос на стручноста на комисијата, тие се еминентни луѓе, стручни и не се партиски. Можите да предложите и други лица кои сметате дека се стручни било од која партија, а Советот е тој кој со гласање одлучува дали ќе бидат оние што ги предлага комисијата или оние што вие ќе ги предложите."

изјави Кире Крстевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Во битолскиот Совет мнозинство се неговите сопартијци, кои секогаш ги надгласуваат колегите од опозицијата и ретко нивните предлози и инцијативи се прифајќаат.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG