Достапни линкови

Израел е за безусловен рестарт на преговорите со палестинците


Шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман изјави дека неговата влада е подготвена за рестартирање на мировните преговори со палестинците но, без притоа, како што рече, да се поставуваат предуслови. Тој прецизира дека еврејските населби не се пречка за мировниот процес. Либерман ова го изјави по разговорите во Њујорк со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG