Достапни линкови

Судството, службениците и политичарите најкорумпирани


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Македонија иако бележи одреден напредок и според последниот глобален барометар за корупцијата се наоѓа на 72-то место од претходното 105-то место, сепак сеуште се соочува со проблеми кои мора да се решат. Граѓаните како најкорумпирани ги посочуваат судството, политичарите и јавната администрација.

Во Македонија има напредок во изминативе три години во борбата против корупцијата, според најновите анализи на Меѓународната Транспарентност, но има и проблеми кои мора да се надминат.

,,Од 105-то место сега сме на 72-ро место рангирани на индексот за перцепција на корупцијата. На глобалниот барометар за корупцијата забележавме многу лоши резултати во судството, кое беше оценато како многу корумпирано. Резултатот негативен е највисок во сите 69 рангирани држави, потоа корупцијата во политиката и во јавниот сектор."

Вели Слаѓана Тасева, претседател на Македонската Транспарентност Нулта Корупција, која смета дека овие три клучни сегменти мора
Од 105-то место сега сме на 72-ро место рангирани на индексот за перцепција на корупцијата. На глобалниот барометар за корупцијата забележавме многу лоши резултати во судството, кое беше оценато како многу корумпирано. Резултатот негативен е највисок во сите 69 рангирани држави, потоа корупцијата во политиката и во јавниот сектор
да се средат со реформите, што е многу важно за да се обезбеди владеење на правото, постоење на политичка воља и да се отворат можности за развој на економијата и демократијата. Со тоа се согласува и Миклош Маршал, регионален директор на Меѓународната Транспарентност за Европа и Централна Азија.

,,Факт е дека во Македонија и во некои други земји од југоисточниот регион, некои од основните сектори и институции како судството, полицијата или здравствениот сектор се идентификувани како најкорумпирани институции. Тоа го истакнува фактот дека во овој регион сеуште има фундаментални проблеми кои треба да се решат. Тоа е јавната администрација пред се, но исто така и судството."

Оценува Маршал во интервју за Радио Слободна Европа.
-
,,Сметам дека јакнењето и продолжување на модернизацијата на јавната администрација, подобрување на деловната клима се сеуште важни задачи за владата на Република Македонија."

Порача Маршал од Охрид, каде тој истакна дека меѓу позитивните вести за земјава е и таа дека освен Словенија и Хрватска, Македонија е подобра од другите соседни земји во регионот во борба против корупцијата, што е посебно важно за интегрирањето во Европската Унија.

,,Важно е за ЕУ земјите да имаат стандарди, кои ќе помогнат за тие земји да бидат интегрирани во неа. Тоа е критично од аспект на гледање дека тоа е глобален проблем, но предизвниците со кои земјите се соочуваат на локално ниво се различни. Предизвниците од законодавен аспект и изградбата на институциите се критичен проблем и за оваа земја."

Вели Кобус Де Швард, генерален директор на Меѓународната Транспарентност. Граѓаните на Македонија што ја оцениле многу позитивно работата на Владата во борбата против корупцијата, најчесто се изложени на корупција во администрацијата, каде тие плаќаат за добивање услуги кои се бесплатни, поради што овој сектор треба да биде првата брана во борбата против корупцијата. За реформите за антикорупцијата во Охрид на годишната регионална конференција на меѓународната Транспарентност расправаа 50-тина земји членки на организацијата од Европа и Централна Азија.

XS
SM
MD
LG