Достапни линкови

logo-print

Македонија примерно ги спроведува реформите


Македонија според Хрватска е на добар пат да стане втор успешен пример во регионот за спроведување на реформите за евроинтеграција на земјата, изјави претседателот на Одборот за европски прашања на хрватскиот Сабор Невен Мимица по денешната средба во Скопје со претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија Петар Поп Арсов.
„Хрватска е добар пример за сите земји во регионот како треба да се спроведуваат реформите дома за да се забрза патот кон ЕУ, но денес веќе не е доволно регионот да има само еден добар пример, потребен е и друг добар пример а Македонија е таа која може да стане тој втор добар пример во регионот за патот кон ЕУ“ рече Мимица.
XS
SM
MD
LG