Достапни линкови

logo-print

Словенија со поддршка за македонските ЕУ и НАТО аспирации


Љубљана

Љубљана

Словенија ќе остане сојузник на Македонија во нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции, изјави министерот за одбрана на Словенија Љубика Јелушиќ при посетата на државата. И покрај разочарувањето од Букурешт, реформите треба да продолжат, вели Јелушиќ.

Министерката за одбрана на Република Словенија Љубица Јелушиќ при нејзината прва официјална и работна посета на нашата држава вели дека е важно тоа што Словенија како и до сега и во иднина ќе остане добар сојузник на Македонија за нејзиниот влез во НАТО. Таа додава, дека на сите средби и секогаш, Словенија нагласува дека Македонија со сите неопходни одбранбени реформи и со учеството во меѓународните мисии го добила кредибилитетот и дека е подготвена за влез во НАТО. Министерката Јелушич длабоко верува во таква можност, оти после Букурешт и во Словенија постоело разочарување, особено што постоело верување дека и Македонија со Хрватска и Албанија ќе биде дел од НАТО. Според неа, од трите земји Македонија била најподготвена.

,,Наше е да и помогнеме на Македонија да не западне во некаков песимизам, да не се почувствува дека нема излез од оваа пат позиција. Македонија треба да го користи словенечкото искуство од Мадрид, кога и ние бевме во истата позиција. Тогаш беше многу битно што не се свртевме против оние реформи што до тогаш ги направивме. Секаде каде што можеме ќе ги уверуваме земјите дека Македонија е подготвена."

Вели министерката Јелушич и додава дека Македонија треба да продолжи со воведување на стандардите на професионална војска и да
Македонија треба да го користи словенечкото искуство од Мадрид, кога и ние бевме во истата позиција. Тогаш беше многу битно што не се свртевме против оние реформи што до тогаш ги направивме
работи на вредностите според критериумите на западноевропските земји.

,,Ние можеме да ви кажеме дека секогаш постои пат за влез во НАТО и во ЕУ. Ние можеме да помогнеме и за флексибилноста и мобилноста на младите луѓе преку системот на визната либерализација, за што сега се зборува. Младите да можат да студираат во Западните земји. Се надевам дека некој ќе дојде и во Словенија да студира."

Според министерката Јелушич ќе се најде начин македонските офицери и подофицери да се школуваат во Словенија, но и нивните да доаѓаат во Македонија, зашто македонската војска има искуство од операциите во Авганистан.

,,Имате многу добри искуства од соработката во медицинските екипи. И ние можеме да научиме нешто од вас. Со билатералната подршка и постојан контакт на Македонија со една од земјите членки на НАТО ќе и помогне да го задржи курсот, да не се радикализира и да не премине на некоја друга страна."

За соработката на македонската и словенечката војска на воениот полигон Криволак, министерката Јелушич вели дека и до сега двете војски имале заеднички вежби. Словенија моментно се соочува со намален буџет во одбраната, но ќе најде начин за подршка на Македонија Криволак да биде полигон на НАТО.

,,За развој на Македонија и особено на регионот околу Криволак, многу е важно тој да биде отворен. Но не смее да се заборави на заштитата на околината, да се одржи висок степен на биодиверзитетот. Словенија на своите полигони има високи стандарди спрема околината. Криволак не е простор каде што сите можеме да правиме што сакаме. Напротив, Криволак е простор каде што сите треба да ја чуваме околината, луѓето, природата, животните и водата. Се она од што зависи нашата иднина, а војските во светот се да ја чуваат околината, а не да ја уништуваат."

Вели Љубица Јелушич министерка за одбрана на Словенија.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG