Достапни линкови

Потпретседателот на САД Бајден во посета на Косово


Од пречекот на потпретседателот Бајден на аеродромот во Приштина
Од пречекот на потпретседателот Бајден на аеродромот во Приштина

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден престојува на Косово. По разговорите со косовските лидери тој и со обраќање во парламентот, а ќе ги посети манастирот Високи Дечани и кампот Бондстил.

Посетата на Косово на потпретседателот Џозеф Бајден има големо политичко значење, бидејќи со неа се потврдува поддршката на Вашингтон на косовската независност, вели советникот на косовскиот претседател Џавид Беќири:

,,Со доаѓањето на Бајден се искажува големата и постојана приврзаност на Соединетите држави на регионот и на Косово.,,

Во Приштина се смета дека станува збор за историска посета која го носи американскиот повик за мир и толеранција во регионот и за тоа дека косовската независност е неповратен процес. Косовските срби, најавувајќи го својот протестен собир поради престојот на Бајден, сепак изјавија дека неговата посета треба да се искористи за да побараат институционална заштита:
Потпретседателот Бајден во Приштина

,,Без оглед на тоа што Америка има многу јасен став спрема статусот на Косово, не би смееле да ја пропуштиме оваа посета и да ја искористиме за да побараме подобри услови за живот и за враќање на србите на Косово.,,

Вели претседателот на косовскиот одбор на СПО Раѓел Нојкиќ. За директорот на Балканскиот фонд за демократија Иван Вејвода пак, Вашингтон ја менува генерлната политика, а со тоа и во регионот:
Вашингтон со оваа посета на Бајден покажува дека се фокусира врз интеграцијата на Балканот во Европа..


,,Самиот факт што доаѓа потпретседателот во рамките на новата администрација на претседателот Обама е знак дека политиката на Соединетите држави се менува значително во однос на претходните две администрации на претседателот Буш. Со самото тоа се врти и страницата, генерално, во глобалните односи на Соединетите држави спрема светот, а и конкретно, спрема регионот.,,

Вели Вејвода. Претседателот на Форумот за меѓународни односи Милан Симурдиќ смета дека Вашингтон со оваа посета на Бајден покажува дека се фокусира врз интеграцијата на Балканот во Европа:

,,Секако дека е значајно што потпретседателот Бајден носи со себе силна порака на поддршка кон европските и евроатлантските интеграции на целиот регион.,,

Вели Симурдиќ, додавајќи дека други две значајни пораки се доследната примена на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина и потребата Србија да соработува со ЕУЛЕКС.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG