Достапни линкови

Милошоски во Њујорк нема да се сретне со Нимиц


Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк
Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк

Според МНР, целта на посетата на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски во Њујорк е состанок за експертската група за подготовка на аргументите за тужбата против Грција во Хаг

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски нема да се сретне со посредникот во спорот за името со Грција Метју Нимиц, тврдат во Министерството за надворешни работи. Милошоски и амбасадорот Никола Димитров, од денеска, се на неколкудневна посета на Њујорк. Според МНР, целта на посетата е состанокот на експертската група, која пред меѓународниот суд во Хаг треба да достави аргументи за тужбата против Грција.
Во овој случај се покажува дека тоа е тотално небитна ситуација, таа е предолга и дури и да заврши позитивно за нас би била само морална поддршка за нас. Ние морални поддршки имаме и така и така. Никој не може да ја присили Грција да го промени ставот.

Дел од медиумите објавија дека Милошоски во Њујорк ќе се сретне и со посредникот Нимиц, но МНР го демантира тоа. Токму Нимиц предвиде динамика на преговорите, според која се чека завршувањето на јунските избори за европратеници во Грција, велат во Министерството.

На редовната подготвителна координација, македонските претставници ќе се сретнат со странски универзитетски професори кои се дел од македонскиот тим.
Во Њујорк, тие ќе подготвуваат писмени докази, што согласно одлуката на судот треба да бидат предадени најдоцна до 20 јули. Професор Љубомир Фрчоски, еден од заговорниците за брзо решавање на спорот со Грција, смета дека тужбата во Хаг е можна, но непотребна, зашто Македонија и Грција имаат политички, а не правен спор.
Во контекст на решавање на политички спор, правната процедура е бесмислена, вели Фрчкоски.

„Во овој случај се покажува дека тоа е тотално небитна ситуација, таа е предолга и дури и да заврши позитивно за нас би била само морална поддршка за нас. Ние морални поддршки имаме и така и така. Никој не може да ја присили Грција да го промени ставот. После четири години колку што трае процедурата. Во меѓувреме, спорот секако ќе се реши, дури и оваа година веројатно. И дополнително бесмислено изгледа акцијата на владата преку тужење во Хаг.“

Од друга страна, политикологот Владимир Мисев смета дека, за разлика од спорот за името, тужбата се однесува на прекршување на времената спогодба и тоа е правен спор. Ако во меѓувреме го решиме спорот тужбата би станала беспредметна, вели Мисев.

„Во овој момент, кога сме далеку од решение, барем од она што можеме да го процениме внатре во Македонија, во однос на консензусот, односно волјата којашто постои за прифаќање на предлозите предложени од Нимиц, мислам дека во моментов сеуште нема клима во Македонија, колку да се работи на тоа и да се создава и не може преку ноќ да се направи. Така што, се дотогаш се додека не се направи таква клима и не дојдеме до разумно решение мислам дека тужбата е правилен чекор.“

Според неофицијални информации од МНР, се очекува медијаторот Метју Нимиц да ги посети Скопје и Атина во втората половина на јуни, кога се очекува да се интензивираат разговорите, кои беа прекинати поради изборите во двете земји.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG