Достапни линкови

logo-print

Тамилските тигри поразени


Министерот за одбрана на Шри Ланка Готабаја Раџапакса изјави дека војната против бунтовничките Тамилски Тигри е успешно завршена, и дека целиот остров е под контрола на власта, прв пат по повеќе од две децениски борби. Успешно ја завршивме војната, изјави министерот за одбрана во обраќањето до претседателот на Шри Ланка Махинда Раџипакса на церемонија која ја пренесуваше државната телевизија. Претходно властите соопштија дека во борбите го убиле лидерот на Тамилските тигри, Велупилај Прабакаран. Бутновниците го признаа поразот, по 25 годишни борби со владините сили за создавање независна држава.
XS
SM
MD
LG