Достапни линкови

,,Топло лето" на македонската политичка сцена?


Зградата на Собранието на Република Македонија
Зградата на Собранието на Република Македонија

Кој со кого и против кого за освојување или задржување на власта во Македонија? На сцената повторно се појавија стари лица, некои во нова, некои во стара улога. Политиколозите предвидуваат ,,топло лето"

Црвенковски се враќа на чело на СДСМ. Руфи Османи, по еднодецениска пауза, триумфално се врати на политичката сцена, седна на градоначалничкото столче во Гостивар и најави формирање нова партија. Љубе Бошкоски, по враќањето од Хаг и кавгата со Никола Груевски, освои повеќе од 150.000 гласови на претседателските избори. Основачкото собрание на партијата на Бошкоски е закажано за крајот на месецов. Сличен резултат на претседателските изботи, по разидувањето со матичната ДПА, постигна и Имер Селмани. Од друга страна, ДПА доживеа убедлив пораз на изборите, но за утеха го освои градоначалничкото место во Тетово.

Премиерот Никола Груевски
Аналитичарите сметаат дека и ДУИ доживеа огромен пораз на изборите, освојувајќи 50.000 гласови помалку отклолку на ланските парламентарни избори. Речиси сите политички партии најавија конгреси во наредниот период. Следува жешко политичко лето, коментираат аналитичарите.

За време на изборите, а особено по нивното завршување, се појавија бројни шпекулации за евентуални нови коалиции и прераспределба на политичката моќ во државата. Тензиите на политичката сцена кулминираа изминатиот викенд во пресрет на инаугурацијата на претседателот Ѓорге Иванов. Поради непоканувањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, претседателот на ДПА Мендух Тачи
Во политиката нема вечно пријателство, туку вечни интереси
најави дека ќе ја бојкотира инаугурацијата, а до последен момент беше неизвесно дали ДУИ и Нова Демократија ќе присуствуваат на свеченоста. Политиколозите коментираа дека евентуалниот бојкот на свеченоста од страна на ДУИ ќе биде сериозен сигнал за криза во владејачката коалиција.

Интегративците, сепак, се појавија на свечената седница. Пратеникот Џеват Адеми од ДУИ вели дека нема проблеми, ниту во неговата партија, ниту во владејачката коалиција.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски
,,Во ДУИ немало недоумица, ние го гласавме, се обративме до нашето гласачко тело да излезе и да гласа за Ѓорѓе Иванов. Никогаш во ДУИ немало недоумици и дилеми, што шпекулираат медиумите тоа е друга работа. Кај нас работите беа чисти и јасни. Ние сме сериозна партија и не ги коментираме шпекулациите."

Само два дена претходно, неговиот сопартиец Рафиз Алити соoпшти дека одлуката, дали ДУИ ќе се појави на свеченоста, ќе ја донесе централното претседателство на партијата, на ден пред инаугурацијата.

,,Јас реков дека прво ќе треба да изградиме став како центрано претседателство. Со самиот факт што ме прашавте дали ќе учествувате,
Очигледно е дека ДУИ проценила после изборите и изборните резултати, дека нивните политики во рамките на оваа коалиција се засенети од ВМРО ДПМНЕ и дека тие мора да излезат од сенката на поголемиот партнер и да се наметнат како играч во таа коалиција
значи дека нешто не е в ред."

Гласините за криза во ДУИ, а со тоа и за криза во владејачката коалиција, почнаа веднаш по завршувањето на изборите. Прво, пониските партиски ешалони почнаа да зборуваат дека ДУИ не е задоволна од блокираниот процес на евроинтеграции.
Пред дваесетина дена, потпретседателката на ДУИ Теута Арифи соопшти дека не се задоволни од соработката со ВМРО-ДПМНЕ, а нејзиниот колега Рафиз Алити, преку весникот Дневник, порача дека „ДУИ нема уште долго да стои со скрстени раце за евроатлантските процеси на земјава“.

Пораките за незадоволство го достигнаа врвот, пред десетина дена, кога лидерот на ДУИ Али Ахмети, првпат, јавно предупреди дека нема долго да чекаат да се реши спорот за името.
Аналитичарите имаат различни толкувања за тоа што значат овие пораки. За едни, тоа е кокетирање на ДУИ со опозицијата и можно окрупнување на опозицискиот блок по враќањето на Црвенковски на чело на СДСМ. За други, маркетиншко радикализирање на ставовите поради стравот од појавата на партија на Руфи Османи, а за трети само смислено сценарио во пресрет на реконструкција на Владата, за која се почесто се зборува.

Градоначалникот на Гостивар Руги Османи
Професор Мерсел Биљали вели дека оваа коалиција не дава разултати и не би се изненадил ДУИ да ја напушти и да се приклони кон СДСМ.

,,Најверојатно затоа што во политиката нема вечно пријателство, туку вечни интереси. Така што, со оглед на политиката што се води првенствено од премиерот мислам дека тоа е политика која води во бездна."

Политикологот Емил Атанасовски, пак, смета дека ДУИ ги изгуби изборите поради пасивната улога во владата и со овие потези се обидува да се врати како сериозен играч во коалицијата.
Ова што сега се манифестира како вриеж во албанската заедница, повеќе е притисок во рамките на програмираната или неопходна реконструкција да се најде место за дополнително присуство на ДУИ и евентуално за уште некое барање надвор од Рамковниот договор


,,Очигледно е дека ДУИ проценила после изборите и изборните резултати, дека нивните политики во рамките на оваа коалиција се засенети од ВМРО ДПМНЕ и дека тие мора да излезат од сенката на поголемиот партнер и да се наметнат како играч во таа коалиција."

Аналитичарот Слободан Чашуле е убеден дека следува реконструкција на владиниот кабинет, иако и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ официјално го негираат тоа. Чашуле се сомнева дека ДУИ ќе ја напушти власта и смета дека со овие потези само си ја покачува цената за евентуалната прераспределба на министерскиот колач.

,,Ова што сега се манифестира како вриеж во албанската заедница, повеќе е притисок во рамките на програмираната или неопходна реконструкција да се најде место за дополнително присуство на ДУИ и евентуално за уште некое барање надвор од Рамковниот договор."

Атанасовски вели дека е рано да се шпекулира за евентуални политички комбинаторики.

,,Не би говорел за некои политички комбинации, дали е ова вовед во некое можно растурање на коалицијата или создавање на нова, но дефинитивно е силен притисок во правец на тоа да има некакво поместување за прашањето за името и ќе видиме како сега ќе реагира поголемиот партнер во коалицијата. Но, дефинитивно е значаен политички момент што излегува и самиот Ахмети."

Љубе Бошковски
Професор Јетон Шасивари вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да остане во Влада без министри Албанци.

,,Мислам дека Влада без министри Албанци би била противуставна, од едноставна причина што пропорционалната застапеност на заедниците, во случајот на Албанците, на сите нивоа, било на локално, или на централно ниво е уставен принцип од 2001 година, па наваму. Мислам дека премиерот Груевски ќе направи се да не остане во Владата без министри Албанци. Какви комбинации би можело да има во блиска иднина во моментов не може да се предвиди со сигурност."

Претседателот на ДПА Мендух Тачи остро ја демантира секоја можност за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

,,Тоа е виртуелна работа дали ние ќе соработуваме со СДСМ или не, немаме зошто практично да работиме. Не сме на власт. А, тоа што можам да го кажам е дека никогаш повеќе нема да има соработка, коалиција со ВМРО ДПМНЕ."

Од друга страна, аналитичарите велат дека Нова демократија на Имер Селмани, кокетира со најголемата партија и не ја исклучуваат можноста и тие да бидат дел од власта. Портпаролот на партијата Аријанит Хоџа вели дека тие се конструктивна опозиција, но не ја исклучува можноста за влегување во владата.

,,Нова Демократија е опозициона конструктивна партија."

Забележливо беше дека, особено пред инаугурацијата на Иванов, Нова демократија се оддалечи од граѓанскиот концепт што го промовираше во изборната кампања и почна да употребува националистичка реторика. Мендух Тачи, пак, ги обвини своите политички конкуренти од албанскиот блок дека, со присуството на инаугурацијата на Иванов, се довеле во трагична состојба, зашто стоеле мирно додека се „пееше за Јане Сандански и татковците на македонштината, а ништо не се спомна за Албанците“.
ДУИ обвини дека, во пракса, не се спроведуваат законите за употреба на албанскиот јазик, правичната застапеност, употреба на националното знаме и за двојазичните патокази.
Аналитичарот Слободан Чашуле оценува дека промената на реториката во албанскиот политички блок е делумно иницирана од враќањето на Руфи Османи и неговите радикални барања за промена на Уставот, според кој Македонија би била конституирана како држава на македонскиот и на албанскиот народ.

Имер Селмани, лидер на Нова Демократија
,,Дефинитивно, Руфи Османи ја крена цената на албанската политика за албанските партии, но како што стојат работите заради нашата недифинираност и разединетост во крајна линија фактурата ја плаќаме ние."

Професор Имер Исмаили вели дека популарноста на Османи се должи на тоа што ДПА и ДУИ со ништо не придонеле за подобрување на животот на Албанците - ниту на политички, ниту на економски план.

,,Сега, ако начекаш такво општество, таков етникум, депримиран од сите страни, тогаш тие се добра подлога за радикални идеи и Османи би го достигнал тоа. Ќе биде интересно. Османи веројатно ќе оди со порадикални пристапи кон отворените прашања во Македонија."

Голем хендикеп за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и партијата на Љубе Бошкоски, коментираат аналитичарите. По враќањето од Хаг, Брат Љубе настапи со проевропска реторика, некарактеристична за Љубе од конфликтот во 2001 и освои преку 150.000 гласови. Чашуле вели дека Бошкоски може да им одземе дел од гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ.

,,За пратеници се сомневам. Груевски благодарејќи на нашиот изместен пропорционален систем имаше целосна контрола врз изборот на пратениците. Љубе Бошковски ќе добие дел од гласовите."

Сепак, велат аналитичарите, ВМРО-ДПМНЕ нема толку лесно да се откаже од власта. Дел од нив сметаат и дека Груевски ќе се обиде да ги придобие опозициските ЛДП и НСДП. Случајот кога советниците од овие две партии, на ВМРО-ДПМНЕ му обезбедија мнозинство во Советот на општина Центар ја разбранува опозицијата.

Градоначалникот на општина Карпош Стефче Јакимовски од ЛДП е разочаран од односот на неговиот сопартиец, но посочува дека ова не е прв таков случај.

,,Се срамам од постапките на нашиот советник во Центар, уште повеќе од тоа што тој е претседател на општинска организација. Тоа е изолиран случај, но пред шест месеци, овде, во општина Карпош имаше сличен случај."

Исходот од спорот за името и зачленувањето на Македонија во НАТО, ќе биде точката преку која ќе се прекрши македонската политичка сцена, заклучуваат аналитичарите.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG