Достапни линкови

logo-print

Со поволни кредити против кризата


Зградата на Владата на Република Македонија

Зградата на Владата на Република Македонија

Стопанствениците го поздравуваат потегот на владата за поволни кредити за малите и средни претпријатија. Според нив, тоа може да ги ублажи последиците од економската криза

Поволните кредити со каматни стапки во висина од шест отсто се ќе им помогнат на малите и средни претпријатија, се согласуваат приватосопствениците и упатените. Директорот на средното претпријатие „Раде Кончар ТЕП“, Горан Антевски вели дека условите за кредитирање се поволни.
Генерално, ги задоволуваат барањата на стопанствениците. И ме радува иницијатива од Владата за економската криза


„Генерално, ги задоволуваат барањата на стопанствениците. И ме радува иницијатива од Владата за економската криза.“

Антевски очекува дека кредитирањето ќе се покаже како поефективно од некои од претходните антикризни мерки

„И првата транша што беше за ослободување од персоналните даноци, придонесите се реализираше за фирмите кои и така беа во незавидна ситуација и се гледа дека не успеаја да излезат од кризата.“

За упатените, кредитирањето е добра одлука на Владата во услови на криза. Директорот на Фондот за развој на човечки ресурси Роман Пападимитров вели дека малите и средни претпријатија, како и големите компании, во изминатиов период сметале дека се наоѓаат во безизлезна ситуација

„Сведоци бевме дека бевме во стагнација, ситуација во којашто едноставно пред се малите и средните, а секако и големите компании не гледаа перспектива. Така што, дефинитивно ваквиот потег на владата е за поздравување.“
Сведоци бевме дека бевме во стагнација, ситуација во којашто едноставно пред се малите и средните, а секако и големите компании не гледаа перспектива. Така што, дефинитивно ваквиот потег на владата е за поздравување


Меѓу најпогодените од кризата се текстилните производители. Од нивниот синдикат велат дека кредитите се секако добредојдени. Претседателот на синдикатот Ангелко Ангелков вели дека кредитите се поволни, но задоцнети

„Кредитите со таква камата како што се кажува мислам дека се помага. Може да биде малку доцна само додека се ефектуираат кредитите.“

Инаку поволните кредитни линии треба да се најдат во понудата на комерцијалните банки од јуни. Владата одвои вкупно 180 милиони евра од Буџетот за оваа намена, а при одобрувањето државата ќе гарантира 50 отсто од сите кредити. Останува да се види како ќе се одвива одобрувањето на кредитите за мали и средни претпријатија кои имаат слаба ликвидност.
XS
SM
MD
LG