Достапни линкови

Зошто владата „бега“ од ММФ?


ММФ

ММФ

Според експертите, склучувањето на аранжман со ММФ ќе значи кратење на нерационалните трошоци во буџетот. Тоа, велат тие, не и одговара на владата, а цената за поскапите кредити ја плаќаат граѓаните

Меѓународниот Монетарен Фонд денеска ќе ги обелодени случувањата од посетата на новиот шеф на мисијата во земја
Цената би била дека аранжманот со ММФ би ја принудила владата да скрати одредени расходи и трошоци и нерационално трошење на буџетските средства
ва Вес Мекру. Основната цел на еднодневната посета на претставници на ММФ беше новиот шеф да се запознае со макроекономската состојба во земјава. Дополнително се очекува обелоденување дали се разговарало за нов аранжман со фондот. Во поглед на соработката со оваа меѓународна организација, се поставува прашањето зошто земјава е подготвена да склучи аранжман само во случај на крајна нужност?

Економскиот аналитичар Ден Дончев Вели дека доколку владата избере аранжман со ММФ, ќе треба да се согласи на контрола на трошењето и можеби да се откаже од одредени проекти

„Цената би била дека аранжманот со ММФ би ја принудила владата да скрати одредени расходи и трошоци и нерационално трошење на буџетските средства.“

Дончев додава дека заемите од комерцијални банки се со повисоки каматни стапки, трошок кој на крај ќе мора да го подмир
Во Македонија владиниот Буџет сочинува 50 отсто од бруто домашниот производ. Ако тука се додадат општините, како и оние снабдувачи кои се зависни од Владата, тогаш испаѓа дека владата контролира три четвртини од македонскиот БДП. Кога има толкава контрола - до тој степен, многу е лесно да се манипулираат бројките и многу е лесно да се гарантира специфична стапка на развој
ат македонските граѓани

„Од аспект на владата, придобивката е дека ќе ги избегне негативните последици кои упорно се обидува да ги избегне преку аранжман со ММФ, а цената е повисока каматна стапка која во крајна линија ќе ја плаќаат сите граѓани во иднина.“

Во последниот извештај Фондот прогнозира дека Македонија ќе влезе во рецесија со бруто домашен производ од минус два отсто и буџетски дефицит од 5,9 отсто, процент што е двојно поголем од дефицитот кој го има проектирано Владата. ММФ смета дека состојбата со БДП нема да се опорави ни следната година. Анализите на фондот тргнуваат од предвидувањето дека македонската економија не само што нема да порасне за 1 процент, како што планира Владата, туку и ќе падне за 2 процента. Дел од економските аналитичари сметаат дека прогнозите на ММФ не се втемелени на добро истражување. Економскиот аналитичар Сем Вакнин смета дека Владата, која учествува во голем дел од бруто домашниот производ, има подетални податоци со кои може да го предвидува однесувањето на Македонската економија

„Во Македонија владиниот Буџет сочинува 50 отсто од бруто домашниот производ. Ако тука се додадат општините, како и оние снабдувачи кои се зависни од Владата, тогаш испаѓа дека владата контролира три четвртини од македонскиот БДП. Кога има толкава контрола - до тој степен, многу е лесно да се манипулираат бројките и многу е лесно да се гарантира специфична стапка на развој.“

Инаку покрај прогнозите, ММФ излезе и со препорака во услови на криза да се усогласат политиките на Владата на Народната банка на Македонија.
XS
SM
MD
LG