Достапни линкови

ЕВН Австрија поднесе тужба против македонската влада


ЕВН Австрија денеска соопшти дека поднела тужба до арбитражата во Вашингтон против македонската Влада поради спорот со компанијата ЕЛЕМ која е во целосна сопственост на државата. ЕВН досега нема добиено предлози за изнаоѓање решение, ниту била заштитена од неоснованите побарувања, наместо тоа ЕЛЕМ најави дека ќе пристапи кон реализација на првичната одлука, односно конфискација на имотот на ЕВН, затоа како одбранбена мерка ние поднесовме тужба до арбитражата во Вашингон против Владата на Македонија, рече Гинтер Офнер од ЕВН Австрија. Офнер додаде дека компанијата останува отворена за средба и, постигнување разумно решение, со што би се спречило плаќање на големи суми отштета.
XS
SM
MD
LG