Достапни линкови

Средби на Иванов и Груевски во Брисел


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов престојува во прва официјална посета на Брисел по вчерашното преземање на функцијата, каде што се сретна со високиот претставник на Европската Унијата Хавиер Солана, а планирани се разговори и со белгиските власти. Го придружува и премиерот Никола Груевски, кој попладнево оствари средба со еврокомесарот за проширување Оли Рен. На средбата како што јавува МИА, премиерот му соопштил на Рен дека Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите со цел изнаоѓање решение околу спорот за името со Грција. Груевски истакнал дека по изборите во јуни е возможно изнаоѓање на решение за името.
XS
SM
MD
LG