Достапни линкови

Писмо од Ѓорге Иванов до американскиот претседател Барак Обама


Новиот македонски претседател Ѓорге Иванов, кој денеска беше инаугуриран, испрати писмо до американскиот претседател Барак Обама во кое ја истакнува решителноста за продолжување на дијалогот со Грција за изнаоѓање взаемно прифатливо решение со кое ќе се почитува нашиот национален идентитет, јазик и култура. Република Македонија продолжува на својот реформски пат во сите области. Сметам дека неодамнешните избори ја покажаа нашата посветеност да продолжиме со постојана надградба на нашиот демократија, наведува во писмото новиот македонски претседател. Иванов, воедно му се заблагодарува на Обама за честитките по повод неговиот избор за претседател на Република Македонија и посочува дека ги примил како силен знак на поддршка.
XS
SM
MD
LG