Достапни линкови

Европската Комисија наскоро со извештај за визната либерализација


Европската Комисија наскоро на владите на државите членки на Европската Унија ќе им го достави извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан во процесот на визна либерализација, но во моментов не би можело да се шпекулира кога би почнала примената на безвизниот режим. Ова денеска во Брисел го изјави портпаролот на Европската Комисија Микеле Черконе, кој воедно додаде дека неможе да се каже ниту точен датум кога биде доставен извештајот. Македонија и евентуално Црна Гора и Србија се споменуваат како можни земји за кои ќе биде укинат визниот режим.
XS
SM
MD
LG