Достапни линкови

logo-print

ЕУ и Советот за човекови права ќе разгледуваат санкции за Сирија


Протести во Сирија

Протести во Сирија

Преставници на Европската Унија , денеска во Брисел ќе разговараат за можни санкции против сириското раководство поради насилства врз демонстрантите. Извештаите велат дека потенцијалните санкции би можеле да вклучуваат суспензија на милионските грантови и заеми од ЕУ, како и замрзнување на сметките и ограничувања на патувањата на клучните
функционери. Се очекува сирискиот режим да се соочи со критики и на денешниот состанок во Женева на Советот за човекови права . Советот , треба да ги повика сириските власти да прекинат со насилството врз демонстрантите и да го намалат ограничувањата за медиумите. Во Сирија денеска се очекува уште еден бран на демонстраци на кои ќе се повика на слобода и демократија.
XS
SM
MD
LG