Достапни линкови

Русија протерува двајца канадски дипломати од Москва


Русија соопшти дека ќе протера двајца кандаски дипломати како одговор на потегот на НАТО кој протера двајца руски дипломати од седиштето на Алијансата во Брисел. Во образложението се наведува дека Москва била принудена на таков потег поради, како што се вели, непријателскиот акт на НАТО. Претставник на канадската амбасада изјави дека Отава изразува жалење од оваа контра-продуктивна мерка. Инаку, НАТО ги протера руските дипломати поради шпионска афера.
XS
SM
MD
LG