Достапни линкови

Државниот имиџ на сметка на рејтингот?


Прес конференција на Владата
Прес конференција на Владата

Аналитичарите оценуваат дека владата свесно го жртвува имиџот на државата надвор на сметка на рејтингот. Тие сметаат дека следува период во кој владата ќе мора да ги признае нереалните ветувања

Владата, со неконзистентната политика, го жртвува имиџот на државата заради внатрешно политички причини, коментираат дел од аналитичарите. Тие посочуваат дека власта ги доби локалните и претседателски избори со нереални ветувања и напумпани бројки.
Претседателот на Транспарентност Македонија Сашо Орданоски смета дека тоа е смислена стратегија која за сега дава резултати.
Владата нема неконзистентна политика, напротив, води многу конзистентна политика во едно лажење на јавноста за економските и политичките движења во државата


„Владата нема неконзистентна политика, напротив, води многу конзистентна политика во едно лажење на јавноста за економските и политичките движења во државата.“

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека со проценките за економски раст, драстично поголеми од оние на меѓународните финансиски институции, Владата се однесувала несериозно.

„Последната изјава на Министерот за финансии дека не ја исклучува можноста да бара помош и од ММФ е крајно несериозна, бидејќи пред извезно време, пред да оди во Вашингтон на годишното собрание на фондот, изјави дека на фондот му се пиштува епитафот.“

Со тоа, вели Хајредини, оставаме лош впечаток пред светот. Од друга страна, Орданоски вели дека, во предизборниот период, сите сили биле насочени кон освојување на власта.

„Владата не е многу загрижена за имиџот на државата, колку за добивање гласови на избори и мислам дека тие ја прават таа математика. И ним им е јасно дека а нарушен имиџот на државата, но кога ќе ги видите цифрите на поддршката што ги добиваат на
Сега ќе мора да ги признаат сите заблуди, сите измами што ги пласираа
изборите, за секој политичар тоа е пресуден момент, затоа што тие не се грижат за имиџот, туку да останат подолго на власт.“

Сега, по завршувањето на изборите, Владата мора да признае дека ветувањата што ги дадоа се нереални и ќе се повлече од нив, вели Хајредини.

„Сега ќе мора да ги признаат сите заблуди, сите измами што ги пласираа“

Владините претставници тврдеа дека Македонија ќе го оствари планираното ниво на раст на економијата и според тоа го проектираа буџетот и покрај предупредувањата од меѓународните финансиски институции и дел од домашните експерти дека економската криза ќе влијае и на македонската економија.
Власта тврдеше и дека нама потреба од нов аранжман со ММФ, но сега не ја исклучува таа можност. Поради остварениот буџетски дефицит, по завршувањето на изборите, имаше ребаланс на буџетот и владата се откажа од дел од најавените проекти.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG