Достапни линкови

logo-print

Шпанија ќе им го плати враќањето дома на невработените Романци


Шпанската Влада ја разгледува можноста да им ги плати картите за пат до дома на Романците во Шпанија, кои поради кризата останале без работа и сакаат да се вратат во Романија, објави романскиот весник „Котиданул“. Според ведникот, откако пропаднале обидите на Романија да ги врати во земјата романските емигранти кои останаа без работа ширум Европа, сега Букурешт и Мадрид разгледуваат заеднички мерки за да ги поттикнат Романците да се вратат дома. „Котидианул“ наведува дека според оценките на шпанскиот министер за труд Селестино Кирбачо, кој е во посета на Букурешт, во Шпанија има околу 70.000 Романци кои поради економската криза би сакале да се вратат во Романија
XS
SM
MD
LG