Достапни линкови

Продолжува спорот Влада – ЕВН


Зградата на ЕВН во Скопје
Зградата на ЕВН во Скопје

Од владата нема коментар на најавите дека Австријците ќе ја бараат правдата во спорот Македонија – ЕВН во Вашингтон. Според експертите, спорот со ЕВН може да се одрази на темпото на евро интеграциите на Македонија

Од Владата и денеска нема одговор по најновата најава од централата на ЕВН во Виена дека правдата ќе ја бара во Вашингтон откако како резултат на судскиот спор што го покрена ЕЛЕМ, ЕВН треба да и исплати 200 милиони евра на државната компанија. Од Владата Велат дека најпрвин ќе се координираат надлежните министерства околу идните настапи во спорот со австриската комланија.
Прашањето на добриот однос со странските инвеститори е од клучно значење во однос пред се на привлекување на нови заинтересирани странски инвеститори кои во моментов и требаат на Република Македонија, а домашната бизнис индустрија не може да обезбеди дополнителни акумулации и инвестиции во економијата
Реакцијата од Виена е резултат на ставот дека судскиот процес бил тендензиозен и нефер. Претходно, пропадна обидот на австрискиот вицепремиер и министер за финансии на Австрија, Јозеф Прел да оствари средба со македонскиот вицепремиер ЗоранСтавревски на пролетни средби на ММФ во Вашингтон поради тоа што, како што известија оттаму Ставревски не се појавил на средбата. Спорот на релација Влада –ЕВН одекна и до Брисел. Тој би можел да се одрази врз темпото на интеграција на земјата, порачаа од европарламентот.

Професорот Зоран Ивановски вели дека спорот само покажува дека економијата честопати е само продолжена рака на политиката. Па оттаму Австрија ќе ја употреби својата позиција во Европската Унија. Во случајот со ЕВН, вели Ивановски станува збор за сопственик со монополска позиција кој подлежи на посебна контрола во секојдневното функционирање.

„Мора да биде јасно, дека секој инвеститор, секое правно лице и физичко има еднаков третман пред законите и се должни да ги почитуваат. Клучно за успех на една економија е еднаквост меѓу домашните и странските инвеститори.“

Од друга страна треба да се напомене, вели Ивановски а особено со оглед на состојбата на економија во земјава препорачливо е секогаш странскиот инвеститор да се чувствува пријатно во земјата во којашто инвестира.

„Прашањето на добриот однос со странските инвеститори е од клучно значење во однос пред се на привлекување на нови заинтересирани странски инвеститори кои во моментов и требаат на Република Македонија, а домашната бизнис индустрија не може да обезбеди дополнителни акумулации и инвестиции во економијата.“

вели Ивановски. Освен перидоичните изјави на неколкумина министри, македонските власти сеуште не искажале официјален став за спорот со Австрискиот инвеститор. Има просотр з акомпромисно решавање во интерес на двете страни за заштита на интересот на граѓаните на и имиџот на Република Македонија како поволна бизнис дестинација изјави неодамна министерот за економисја Фатмир Бесими.
XS
SM
MD
LG