Достапни линкови

logo-print

Ал Каида најголема терористичка закана за Запад


Во новиот извештај на Стејт департментот се наведува дека мрежата Ал Каида со тоа што е се поактивна во Пакистан, претставува најголема терористичка закана за Запад. Во извештајот се додава дека Иран е најактивен спонзор на тероризмот во светот. Притоа се прецизира дека специјални сили на Иранската револуционерна гарда директно им помагале на терористите на палестинските територии, Либан, Ирак и Авганистан. Во списокот на поддржувачи на тероризмот се најдоа уште Сирија, Судан и Куба.
XS
SM
MD
LG