Достапни линкови

logo-print

Колку власта ги слуша пораките од Брисел?


Прес конференција на претседателот Црвенковски и комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен

Прес конференција на претседателот Црвенковски и комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен

Според експертите, пораките од Брисел треба да се сфатат сериозно, а со политиката власта покажува дека не е доволно заинтересирана за препораките од меѓународната заедница. Тие велат, фокусот на власта врз сопствениот рејтинг наместо решавање на проблемите може да има негативни последици

Пораките кои на вчерашната средба со челниците на Европската Унија и НАТО му беа пренесени на македонскиот претседател Бранко Црвенковски, треба да се сфатат сериозно, коментира домашната експертска јавност. Да се реши спорот со името, референдумот- ризичен потег, избегнување на националистичката реторика, целосна имплементација на Охридскиот договор и негување на меѓуетничките односи беа дел од забелешките кои вчера пристигнаа од Брисел. Но колку македоснките власти ги почитуваат ваквите пораки? Аналитичарот Гордан Георгиев вели дека владината политика покажува дека не е доволно заинтересирана за препораките кои се добиваат од Меѓународната заеднивца.

„Ќе дојде момент кога странците ќе кажат непријатни вистини за нашата ситуација. После тоа власта ќе се враќа повторно дека си ја тераме нашата приказна, дека мандатот ни е даден од народот итн, што е апсолутен нон сенс.“

Премиерот Никола Груевски и новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов
Но наспроти ваквото мислење пак, Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики смета дека пораките допираат до надлежните. Напротив таа посочува дека треба да се обрне повеќе внимание на прашањата кои многу повеќе ги засегаат македонските граѓани.

„Преку нашите политичари ние ги држиме одговорни европските, за тие прашања кои се значајни за македонските граѓани. Значи, прво прашање за македонските граѓани е визна либерализација, не е прашањето за името.“

Пораките од Европската Унија и НАТО се јасни, се согласува и проф. Хасан Јашари од Тетовскиот Универзитет. Но доколку властите повеќе ја насочуваат енергијата кон одржување на својот рејтинг, наместо кон решавање на проблемите кои ги посочуваат од Брисел, тоа би можело да предизвика негативни последици во однос на граѓанските перспективи и иднината на земјава, посочува Јашари.

„Последиците се кобни за граѓаните со оглед на фактот дека се забавува процесот на пристап до НАТО, влегување во ЕУ и се забавува дијалогот за решавање на спорот со Грција.“

И додека Унијата не престанува со забелешките во однос на македонската политика, премиерот Никола Груевски е на средби со европските народни партии во Варшава. Токму таму тој порача дека владата лобира и прави се што е во нивна моќ да им ја прикаже како што реше нашата вистина во однос на спорот со името, како еден од главните проблеми со кои се соочува земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG