Достапни линкови

Македонското Министерство за здравство ја следи ситуацијата со вирусот


Македонското министерство за здравство и Комисијата за заразни болести на денешниот вонреден состанок, по ширењето на свински грип во светски рамки соопштија дека се подготвени да одговорот на предизвиците и дека будно ја следат ситуацијата. Обезбедена е диганостика, како и потребните лекарства за сузбивање на епидемиските размери на тој грип, соопштено е по состанокот. Министерството за здравство информираше и дека се преземаат сите потребни превентивни мерки за надзор на патниците кои патуваат или доаѓаат од американскиот континент, како и засилена ветеринарна контрола на увезеното свинското место.
XS
SM
MD
LG