Достапни линкови

logo-print

Децата на битолчаните што се самоубија во Дом


Macedonia - Roma children in Bitola, Bitola, 16Apr2009

Macedonia - Roma children in Bitola, Bitola, 16Apr2009

По самоубиството на невенчаниот пар од ромската населба во Битола, нивните четири деца ќе бидат згрижени во дом. Ерџан Ибраимов (25) и Ајрета Пеливановиќ (23) се самоубија минатата недела

Четирите малолетни деца на невенчаниот пар Ерџан Ибраимов (25) и Ајрета Пеливановиќ (23) од Битола, кои извршија двојно самоубиство, скокајќи од мост висок 30 метри, ќе завршат во Дом за сирачиња. Ова го соопшти нивната баба Мердух Пеливановиќ, желаејќи се дека биските роднини немаат пари да ги издржуваат дечињата.

„Јас сум сиромашка, а ќерка ми си отиде. Нема кој да ги гледа. Ќе останат на улица. Морам да ги дадам во Домот. Ќерка ми одеше на питање и така ги ранеше. Најмалото е две и пол години, заедно со поголемото уште цицаа.“
раскажува Мердух, мајка на починатата Ајрета.
По погребот на родителите, двегодишниот Бени соседите се обиделе да го нахранат со шише млеко, но одбивал да јаде. Бабата раскажува дека ќерка и со невенчаниот сопруг заедно живееле 9 години, но тој имал здравствени проблеми.

„Тој само што дојде од Демир Хисар каде лежеше во болница. Му реков си дојде мајче, ако, да си ги собериш децата. Ќерка ми ми рече дека ѓе отидат да прошетаат по џадето. Не знам како се одлучија тоа да го направат“

вели страицата.
Помина повеќе од недела дена од самоубиството, а Баирчани не можат да ги заборават трагичните слики. Иако полицијата случајот го затвори како класично самоубиство, очевидците кажуваат нешто друго.

„Прво седеа на мостот и се бакнуваа, како млади. Постепено мажот едната нога ја префрли преку оградата и почна да ја трга. Таа му рече не, јас имам деца за гледање, ајде да си одиме дома. Кога се отпушти ја фати неа и двајцата падна.“

раскажува Разија Мемишовска.
Кобниот мост е висок 30 метри. Изграден е на магистралниот пат Битола- Прилеп и минува низ населбата Баир каде е сместено картон малото на битолските Роми. Заштитен е само со ограда висока еден метар. Ромите бараат посоодветна заштита за да се спречат евентуални ненамерни трагедии, кои ги имало и порано. Од друга страна, самоубиствата во Битола се во пораст. Годишно се самоубиваат по четворица, меѓу кои и млади лица поради љубовни или психички проблеми.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG