Достапни линкови

logo-print

Медведев - Измена на регулативата за невладините организации


Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија треба да ја измени законската регулатива за невладините организации, што жестоко е критикувана од страна на активистите за човекови права. Тој изјави дека некои промени во регулативата која предвидува следење на финансиските извори на невладините организации, како и околу нивното регистрирање, се неопходни. Медведев денеска за прв пат се сретна со претседателскиот Совет за развој на граѓанското општество, кој го сочинуваат активисти за човекови права и други претставници.
XS
SM
MD
LG