Достапни линкови

Економска криза


Жена бара слободно работно место
Жена бара слободно работно место

Светската криза се прелева во Македонија. Владата најавуава дека ќе штеди. Граѓаните песимисти, очекуваат тешки денови. Министерството за труд и социјала чека сигнал за поинтензивни мерки за справување со кризата

Ефектите од светската криза се прелеваат во земјава. Додека Владата најавува дека ќе штеди, уверувајки дека нема да ги намалува платите и пензиите, граѓаните се песимисти и сметаат дека најлошото допрва доаѓа. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека интензивно работат на имлементација на постоечките програми за вработување, чекајки сигнал од Владата за нови и поинтензивни мерки, соодветни за справување со ефектите од кризата.

Дел од економистите посочуваат дека по пример на Соединетите Американски Држави и европските земји, во услови на криза владата може директно да интервенира во стопанството, и покрај тоа што во нормална состојба улогата на оваа институција е да создаде услови за развој на економијата без директни интервенции. Граѓаните, од друга страна, велат дека ги чувствуваат ефектите од кризата

„Уби боже е, вакво нешто никогаш немало, уби боже е.“
„Јас имам пензија, може да опстојувам, ама за помладите е тешко, без работа, да чекаат од пензијата јас да им дадам.“

Дел од граѓаните се песимисти за блиската иднина

„Не верувам, оваа држава.“
„Многу тешко.“
„Ако куртулиме до Нова година, ама до тогаш тешко. Кој ќе издржи.“

Од министерството за труд и социјална политика велат дека интензивно работат на постоечките програми. Секретарот на министерството Душко миновски вели дека во моментов, активностите на оваа институција се фокусирани на мерки за вработување:

„Исто така за годинава и покрај сериозните проблеми со буџетот одвоени се 6 милиони евра за мали бизниси, за лицата кои останале без работа да може да аплицираат.“

Миновски вели дека за сега се чека сигнал од Владата за превземање на дополнителни мерки за справување со ефектите од светската криза.

„Секој момент сигнал од владата, а тоа значи обезбедување барем на нашата целна група, корисниците на социјална помош и корисниците на постојана парична помош, како и останатите невработени, стечајци, како и напливот на новите.“

Инаку според официјални извештаи , една четвртина од домаќинствата имаат по еден член кој е без работа, а една четвртина од Македонското население живее под прагот на сиромаштијата. Минатата година заврши со над 350.000 невработени односно стапка на невработеност од 33 отсто.
XS
SM
MD
LG