Достапни линкови

Напад на аеродромот во Могадишу додека полетувал американски конгресмен


Претставници во Сомалија соопштија дека шест гранати биле истрелани кон аеродромот во главниот град Могадишу, во моментот додека авионот во кој се наоѓал американскиот конгресмен Доналд Пејн, се подготвувал да полета. Авионот безбедно полетал. Конгресменот Пејн бил во посета на Сомалија, на разговори со властите околу проблемот со пиратите кои делуваат во водите на земјата.
XS
SM
MD
LG