Достапни линкови

Во пожар во Полска загинаа 21 лице


Во пожар во дом за бездомници во полскиот град Камјен Поморски загинале најмалку дваесет и едно лице, а 20 се повредени. Повеќето од луѓето скокале од прозорците, откако пожарот ја зафатил три-катната зграда. Во домот живееле 77 луѓе. Сеуште не се познати причините за пожарот, а во градот пристигна полскиот премиер Доналд Туск. Полскиот претседател Лех Качински, кој исто така се упатил на местото на несреќата, прогласи три дневна жалост.
XS
SM
MD
LG