Достапни линкови

logo-print

Најнов биланс – 260 загинати во земјотресот во Италија


Бројот на жртви од земјотресот во Италија и натаму расте. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони соопшти дека бројот на загинати достигнал 260, а 17 илјади луѓе се сместени во привремени кампови. Спасувачките напори биле отежнати поради серијата последователни земјотреси кои вчера и утринава се случиле во регионот Абруцо. Властите соопштија дека спасувачките напори ќе продолжат, а за погоденото население ќе биде донесена дополнителна помош.
XS
SM
MD
LG