Достапни линкови

Според ДИК одзивот 40,24% од 56,55% избирачки места, води Иванов


ДИК туку што ги објави првичните резултати од вториот круг на претседателските и локалните избори. ..Според податоците пристигнати до 21 часот и 24 минути, од 56.55% од избирачките места на кои одзвиот бил 40,24%. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов освоил 221,127 или 66,21%, а Љубомир Данаилов Фрчкоски добил 112,844 гласови или 33,79 насто. За избор на градоначалник на Скопје одзивот е 35,51%, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски добил 28,963 гласа или 66,51%, а Тито Петковски кандидат на СДСМ и НСДП добил 14,581 или 33,49%”, изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски.
XS
SM
MD
LG