Достапни линкови

logo-print

Средба на претседателите на Авганистан и на Пакистан


Под покровителство на турскиот претседател Абдула Ѓул, денеска во Анкара ќе се сретнат претседателите на Авганистан, Хамид Карзаи и на Пакистан, Асиф Али Зардари. Тие ќе разговараат за засилување на мерките против тероризмот. Односите меѓу Пакистан и Авганистан се затегнати, откако Кабул го обвини Исламабад дека не се справува со Талибанските сили, кои секојдневно ја преминуваат границата.
XS
SM
MD
LG