Достапни линкови

logo-print

Светска Банка - Руската економија ќе забележи пад од 4,5%


Светската Банка соопшти дека руската економија годинава ќе забележи пад од 4,5 отсто и дека државата мора итно да им помогне на ,,ранливите“ сектори во општеството. Предвидувањата на Светската Банка се во спротивност со оние на руската влада која соопшти дека годинава очекува економски пад од 2,2 проценти со можни знаци за обновување кон крајот на годинава. Светската Банка исто така посочува дека кризата во Русија би можела да биде подолга и потешка, отколку во месеците после финансискиот колапс во 1998-та година.
XS
SM
MD
LG