Достапни линкови

Плановите на владата спротивни од препораките на ММФ


Владата недостапна за коментар на препораките на ММФ за затегнување на фискалната политика. Според експертите, има конфликт меѓу препораките на странските претставници и плановите на владата

Надлежните институции не ги коментираат препораките на Меѓународниот монетарен фонд за за затегнување на фискалната политика со цел одржување на макроекономската стабилност во земјава. Додека говернерот на централната банка Петар Гошев за сега е
Точно е дека задолжување со големи камати може да го оптовари буџетот
недостапен за коментар, Министерот за финансии Трајко Славески одвива било како да ги коментира препораките на меѓународната организација.

Експертите констатираат дека се создава конфликт помеѓу тоа што го препорачуваат странските претставници и тоа што го планира владата. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека од една страна Владата сака да троши пари за да ги ублажи ефектите од кризата, додека од друга страна, монетарните власти се заинтересирани за одржување на стабилен девизен курс со намалување на притисокот врз Буџетот и девизните резерви:

„Тие проблеми, на среден рок и евентуално на подолг рок не се работи со кои моментално се занимава владата. Меѓутоа, точно е дека
Буџетскиот дефицит самиот по себе не е ни добра ни лоша работа. Зависи што ќе се прави со парите
задолжување со големи камати може да го оптовари буџетот.“

Најсериозен предизвик за Владата, според Глигоров, ќе биде пронаоѓање на извори за финансирање на инфраструктурните проекти во услови на криза.

„Трето прашање е дали воопшто има можност државата да се задолжи, значи дали има извори на средства, дали ќе се најдат кредитори за тие амбиции.“

Владиниот портпарол Шефик Дураки исто така е недостапен за коментар на прашањето дали Владата ќе ги земи предвид препораките на ММФ или ќе продолжи со експанзивни фискални мерки?
За жал во изминативе три години Владата ги користеше приливите во Буџетот од зголемената наплата на даноците за популистички мерки


Аналитичарот Сем Вакнин вели дека не е спорно дека инфраструктурните проекти се потребни

„Буџетскиот дефицит самиот по себе не е ни добра ни лоша работа. Зависи што ќе се прави со парите“


Вакнин вели дека проблеми во монетарната политика не се создале во изминативе неколку месеци, туку во изминативе три години

„За жал во изминативе три години Владата ги користеше приливите во Буџетот од зголемената наплата на даноците за популистички мерки. Се зголемуваа платите на вработените во јавниот сектор, се зголемуваа пензиите, се трошеа пари на спортски сали и така натаму. Сето тоа сега ја прогонува Владата“

Инаку според последното соопштение на ММФ, Македонија не може да си дозволи поекспанзивни монетарни и фискални политики поради веќе екстензивното трошење во јавниот и приватниот сектор над приходите.
XS
SM
MD
LG