Достапни линкови

logo-print

ЕУ самит - нацрт декларација


Лидерите на Европската Унија се согласиле двојно да го зголемат Фондот за помош на членките кои не го користат еврото. Во нацрт декларацијата на самитот во Брисел се наведува дека 50 милијарди евра како заем ќе им бидат овозможени на источните земји поради проблемите предизвикани од економската криза. Во нацртот исто така се удвојуваат ресурсите на ММФ за помош на земјите и превензија на кризи. Европската Унија ке упати и повик до 20 те водечки растечки економии на самитот на 2 Април да ги зголемат фондовите на ММФ за 500 милијарди долари. Во драфтот ја нема бројката за европскиот придонес во тие фондови, но се претпоставува дека станува збор за околу 75 милијарди.
XS
SM
MD
LG