Достапни линкови

САД без коментар за разместувањето на руски бомбардери на Куба или Венецуела


Соединетите Држави одбија да ја коментираат изјавата на шефот на руските воздухопловни сили Анатолиј Зихарев, дека руски стратешки бомбардери би можеле да користат воздухопловни бази на Куба или Венецуела. Портпаролот на американскиот Национален совет за безбедност Мајк Хамер изјави дека нема потреба од американски коментар, како што го нарече, за нешто што е ,,хипотетички“ кажано. Генералот Зихарев, како што пренесе руската агенција Интерфакс, изјавил дека претседателот на Венецуела Хуго Чавез и понудил на Русија користење на воениот аеродром на островот Орчила, како привремена база за руските стратешки бомбардери. Тој додаде дека исто така и Куба има воздухопловни бази кои би можеле да се користат за руските стратешки бомбардери.
XS
SM
MD
LG